Вучиќ: Во Србија нема да се случи македонско сценарио!

 

Ова го тврди српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето по денешниот безбедносен самит со претставници на африканските земји, објави Б92.



Зборувајќи за актуелните безбедносни прашања во светот, српскиот претседател ја спомна и Македонија. Вучиќ ова го изјави во контекст на случувањата во Грузија, каде што на едно видео е прикажано 7-годишно дете како пука во полицијата.

„Кој го објави, каде се неговите родители?

Прво го објавија западните медиуми, оние кои ги поддржуваат демонстрациите во Грузија, а потоа и Телеграм каналите.

Зошто некој се фали со учество на 7-годишно момче. Мислите дека е генијално што ги обоија бекатонските чинии во црвено, кои не ќе можат целосно да се исчистат? Зарем мислите дека е нивна идеја?

Пронајдете ги снимките од 2016 година, целосно беше исто сценариото во Македонија. На потполно ист начин го обоија главниот плоштад во Скопје. Газдата и спонзорот секогаш беше ист, а жртви беа народите против кои спроведуваа обоени револуции.

Во Србија тоа нема да се случи, бидете уверени –  рече Вучиќ.