Коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на идната влада ќе и предложи измени на законот со цел повторно да се воведе смртната казна за најтешките кривични дела.
Во интервју за телевизија Информер, тој потсети дека се залагал за враќање на смртната казна и во мај минатата година по двете масовни убиства во кои малолетник и тинејџер убија дваесеттина свои врсници.
Смртната казна во Србија се применувала од создавањето на современата држава во 1804 година до февруари 2002 година, кога била укината со закон.
Вучиќ, дипломиран правник, смета дека аргументите на противниците на враќањето на смртната казна се „оправдани и рационални“.
Но, тврдии дека и смртната казна е оправдана во случаи кога нема никакво сомнение дека станува збор за сторители на најтешкото кривично дело како што се случајот со злосторството врз двегодишната Данка.
Второосомничениот за убиството на Данка „детално“ раскажал како откако девојката ја удрил автомобилот, тој наводно истрчал од совозачкото седиште и почнал да ја дави сѐ додека не престанала да дише, неофицијално пренесоа српски медими.
„Ако некое дело заслужува смртна казна, тогаш тоа е дело“, рече Вучиќ.





