Мандатарот за состав на новата Влада на Србија, Милош Вучевиќ, во експозето се осврна и на односите со Македонија.
„Северна Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа. Србите и Македонците повеќе немаат ниту една тема што ги оддалечува. Не постои ниту едно прашање околу кое може да се раздвоиме или околу кое би можело да се направи раздор. Проектот Отворен Балкан дополнително нè зближи, а разрешувањето на црковниот спор ја тргна и последната пречка на патот на изградбата на меѓусебната доверба и зедничката работа каква што не е видена од распадот на поранешна Југославија“, рече Вучевиќ од говорницата на српскиот парламент.





