Српскиот министер за одбрана Александар Вулин се залага за трајно разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово, како и за запирање на процесот на создавање на „Голема Албанија“.
„Новата реалност е дека, откако Македонија, како што се очекува, забрзано влезе во составот на НАТО-пактот, сите Албанци, со исклучок на две општини на просторот на јужна Србија, ќе живеат во еден безбедносно и суштински политички простор. Токму поради тоа, процесот на создавање на ‘Голема Албанија’ мора да биде запрен. Суштинското прашање на кое ние овде се обидуваме да најдеме одговор е како да ја запреме ‘Голема Албанија’, изјави Вулин во рамките на деветтата сесија на т.н. внатрешен дијалог за Косово одржана во Белград.
„Трајно и сигурно разграничување меѓу Србите и Албанците мора да се воспостави на просторот на Косово и Метохија, но процесот на разграничување и процесот на политичкиот завршеток не може да се заокружи без да не е сè исполнето, договорено и завршено“, смета министерот за одбрана на Србија.





