Второ обвинение за Рамиз Мерко

 

По обвинението за набавката на луксузното „ауди“ на трошок на Општината, Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против градоначалникот Рамиз Мерко, новој пат за кривичното дело несовесно работење во службата, а предметот ќе оди по скратена постапка.



Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД

Во кусото образложение се наведува дека Мерко, како службено лице, односно градоначалник на Општина Струга, на 31 јануари 2022 година свесно ги повредил законските прописи при именувањето на вршител на должност директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа.

„Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот“, наведуваат од Јавното обвинителство.

Со тоа, според Обвинителството, Мерко ѝ овозможил на незаконски именуваната директорка 19 месеци да ѝ се исплаќа плата и придонеси на штета на училиштето.

Пред неполн месец Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против струшкиот градоначалник поднесе обвинение за набавката на луксузното „ауди“ на трошок на Општината.