Вториот човек на МВР Исени го „почести“ лидерот на ДУИ Ахмети со квалификацијата „старец со слаб ум“?!

„На вчерашната расправа во Собранието во врска со барањето за негово отповикување, аргументирајќи ја својата работа по обвинувањата за пропусти за време на празникот 28 ноември, кога полицаец го тргна албанското знаме од јарбол во Куманово, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени рече дека има ‘љубов кон знамето поголема од целиот Европски фронт, заедно со старецот со слаб ум’! Исени не одговори на прашањето дали ова го мисли ова за Али Ахмети.“ – објави ТВ 21 во својата вест со наслов „Астрит Исени му рече на ‘старец со слаб ум’ на лидерот на ДУИ Али Ахмети? Некогаш се фотографираше со него“.



Телевизијата ја цитираше изјавата, која ја даде Астрит Исени во овој контекст во својата реч во македонското Собрание: „Колку го сакам националното знаме… За ова сме сведочеле сите ние во моето семејство, поколение по поколение. Но, ако го собереме целиот Европски фронт, заедно со старецот со слаб ум, гарантирам дека ќе испадне оти јас го сакам националното знаме повеќе од целиот Европски фронт!