За 22,12 % е намален прометот во 8 поголеми синџири на маркети во земјава вчера кога беше организиран бојкотот на маркетите, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП). Регистриран е повисок профит во однос на минатиот петок . ОД УЈП велат дека при споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување.
Во четврток, 06.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од денари, а издадени се 417.866 фискални сметки.
Во петок, 07.02.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки.
Кај овој анализиран период кај осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 22,12%.
Во петок, 31.01.2025 година до полноќ, во GPRS системот на УЈП беше регистриран вкупен промет во износ од 114,293,367 денари.
Во петок 07.02.2025 година остварен е за 36,95% поголем промет во однос на претходниот петок 31.01.2025 година, информираат од УЈП.






