Со 6 наспроти 3 гласови, Врховниот суд на САД утврди дека Трамп не може да биде кривично гонет за дејствија кои се во рамките на неговите уставни овластувања како претседател, туку може да биде кривично гонет за приватни дејствија.



Според судиите, Трамп може да се повика на имунитет за некои од неговите постапки во јануари 2020 година.

Тоа ќе го одложи со месеци, ако не и со години, судењето за обвиненијата против него за поттикнување на упадот на Капитол.

Американскиот претседател Џо Бајден ја нападна одлуката на Врховниот суд за претседателскиот имунитет и ја нарече „опасен преседан што му прави лоша услуга на американскиот народ“.

Актуелниот претседател рече дека одлуката значи дека е многу малку веројатно дека Трамп ќе биде суден пред изборите на 5 ноември за неговата улога во обидот да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

„Оваа нација е основана на принципот дека Америка нема кралеви. Сите, секој од нас е еднаков пред законот Никој, никој не е над законот. Со вчерашната одлука, рече тој, „тоа суштински се промени“.

Протестите започнаа пред зградата на Врховниот суд на САД против одлуката на судиите.

Демонстрантите во Вашингтон рекоа дека Врховниот суд ја предал нацијата и дека треба да биде сменет.