Приведен е возачот на патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки кој вчера врзал коњ за возилото и така се движи низ скопските улици, соопти МВР.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на животни“ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.
„СВР Скопје го утврди возачот на возилото, при што со него е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, по чии насоки ќе биде изготвено Известување до ОЈО Скопје со целокупниот документиран материјал, со цел понатамошно постапување“, соопшти МВР.






