Вреди: Со повик за бојкот на локалните избори и на нереди ДУИ е на добар пат да биде ставена на црна листа!


„Апелираме до здраворазумното членство на ДУИ да не влетува во егзибиционизмот на нивното корумпирано раководство. Без програмска и кадровска реформа, плус со бојкот и нереди целата ДУИ е на добар пат како партија да биде ставена на црна листа.“ – посочуваат од коалицијата Вреди.

Натаму во своето соопштение Вреди истакнува: Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори покажаа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со Вреди за проблеми, кои ни ги остави во наследство. Крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот Суд, кога таа таа е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој Суд, со план денес да се злоупотребува за критика. Не може Вреди да биде одговорна за одредени недоречености во законот, кои ДУИ свесно ги дозволи.



Текстот на Законот за употреба на aлбанскиот јазик е доставен до Венецијанската Комисија токму од Бујар Османи. Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација, која симптоматично, според нив, се случува само затоа што тие не се дел од Владата. ДУИ се преценува во моќта било што да организира на терен. Прочитани се. Да имаа поддршка од албанскиот народ одамна ќе излезеа со протести, како што претходно најавуваа. – се наведува во соопштението на коалицијата Вреди.