Поделбата на општините по бројки или проценти не беше дискутирана во коалицијата.
Нема барања или ултиматуми велат од коалицијата ВРЕДИ за Алсат.
„Субјектите на ВРЕДИ никогаш не зборувале за броеви и општини. Значи, јасен е ставот дека листите ќе бидат заеднички, кандидатите ќе бидат заеднички, платформата, програмата, сè ќе биде заедничко.
Дури и во рамките на ВРЕДИ одлучивме дека во некои општини, доколку има потреба и гледаме дека има кандидати надвор од ВРЕДИ кој е најдобар и има поголема поддршка од тоа населено место, ќе излеземе и надвор од ВРЕДИ.
Коалицијата ќе поддржи и независни кандидати. Во ниту еден момент немало
дебата за тоа кој колку општини ќе добие, бидејќи сите кандидати на крајот ќе бидат
на ВРЕДИ, односно заеднички„, велат од ВРЕДИ.
ВРЕДИ ќе го даде својот придонес и за градот Скопје. Како што велат за Алсат, посебно внимание ќе се посвети на кандидати, листа на советници, а и на програмата.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, неодамна најави дека ВРЕДИ во ниту една општина нема да соработува со АА на Таравари, ако се натпреваруваат со посебни листи.






