Според Билал Касами за уставните измени на ВМРО-ДПМНЕ многу полесно може да и се прави притисок додека се со нив во Влада, отколку во опозиција,  порача Биљал Касами од коалицијата коалиција во денешната „Изборна Дебата“ на ТВ21..



„Не е важно колку гласови ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, ако коалицијата ВРЕДИ земе повеќе од 20 мандати, граѓаните да не се грижат за уставните измени, а Албанците да не се грижат за нивните права, бидејки таа одговорност ние ја преземаме“, кажа

Тој додава дека и опозицијата да покаже отпор, нивниот услов е да се изгласаат уставните измени.

„И ВМРО-ДПМНЕ да покаже отпор, нашиот услов, или предуслов, како и да сакате да го нарекувате, ќе биде да се изгласат уставните измени. Нема да има Влада без уставни измени. Повеќе од убеден сум дека поголеми шанси има да се случат уставните измени со ВМРО во Влада, одколку со ВМРО во опозиција. Во најлоша опција, ВМРО ќе добие 20 пратеника“, вели Касами.