Од коалицијата ВРЕДИ изјавија дека пред неколку дена го повлекле именувањето на Афрона Вервизоли за ревизор на ИПА фондовите.
Владата ќе ја разреши ревизорката на ИПА фондовите назначена минатата недела
„Иако Вервизоли има одлично Си-Ви и значително професионално искуство, решивме привремено да ја замениме со друг кадар од нашите редови.
Оваа одлука е донесена за да се обезбеди целосно исполнување на сите строги стандарди и барања на Европската Унија, а Афрона да ја исполни својата обврска да го добие сертификатот“, велат од коалицијата, пренесе Телеграфи
„Коалицијата ВРЕДИ останува посветена на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови. Ќе продолжиме да постапуваме во најдобар интерес на граѓаните, за да обезбедиме правилно користење на ресурсите и да спречиме понатамошни злоупотреби“, се наведува на крајот од соопштението.






