ВРЕДИ: Поради лица на „црната листа“ на САД, повисоки царини за земјава

 

Коалицијата ВРЕДИ во соопштение за медиумите вели дека главната причина поради која Македонија се соочува со повисоки царини од САД не е поврзана само со економските фактори, туку пред се со влошувањето на имиџот на државата на меѓународната сцена.



Од ВРЕДИ потенцираат дека „ова влошување на имиџот е директен резултат на лошото владеење и скандалите на поранешната власт, вклучително и функционери на ДУИ, кои денес се на американската црна листа, кои не се сами, има и насилници од македонскиот табор“.

(…)

„Америка не ги зголемува царините без причина. Пораката од Вашингтон е јасна: корупцијата и злоупотребата на власта повеќе не можат да се толерираат.

А, кои се оние кои најмногу ја нарушија довербата на западните сојузници во оваа земја?

Токму оние кои две децении ги злоупотребуваа институциите, а денес се кријат зад празна реторика или бесмислен национализам“ велат од ВРЕДИ.

„Наместо да жалат за последиците од своите постапки, поранешните функционери на ДУИ и другите да им се извинат на граѓаните за големата штета што ја нанесоа.

На *Македонија и требаат нови политики, сериозен пристап кон економијата и обновување на односите со меѓународните партнери – а не лицемерието на оние кои ја уништија оваа земја“, порачаа од ВРЕДИ, како што пренесува Телеграфи