Министерот Бујар Османи е должен да објасни зошто и врз основа на какви анализи и аргументи ОБВСЕ оценил дека изборите во Македонија можат да предизвикат дестабилизација, кој ги дал овие информации и зошто тој како претседавач не ги споделил на транспарентен начин со јавноста досега, прашуваат од блокот опозициски партии на етничките Албанци ВРДЕИ.
Имено, канцеларијата на ОБСЕ-ОДИХР, поради стравот од изборни нерегуларности на наредните претседателски и парламентарни избори одлучи претсетојниот изборен процес да го надгледува со 24 долготрајни и 300 краткотрајни набљудувачи, велат од албанскиот опозициски сојуз ВРЕДИ.
„Напоменуваме дека за една земја членка на НАТО ваквото присуство на ОБСЕ-ОДИХР на изборите е знак дека оваа земја има реален потенцијал за нерегуларности во изборниот процес, факт кој зборува многу лошо за демократските стандарди на Македонија. Само за споредба, ваква квалификација за изборниот процес немало од 90-тите години на минатиот век“, велат од опозицискиот блок.
„Ова е причината да поставиме прашање која била улогата на Бујар Османи во претседавњето со ОБСЕ и какви извештаи и информации има даведено за ОБСЕ да ја оценува с. Македонија како земја со кревка демократија? За жал, наместо тој да се чувствува одговорен за оваа ситуација, тој го прави спротивното – се жали на ваквиот извештај на ОБСЕ-ОДИХР заборавајќи притоа дека тој е министер за надворешни работи и беше претседавач на OБСЕ во минатата година“, велат од ВРЕДИ.






