„Реагираме остро на одлуката на Уставниот суд за покренување постапка за оценување на уставноста и за замрзнување на така наречениот балансер. Оваа одлука е инспирирана од потребата на криминалните структури на претходната власт за создавање меѓуетнички проблеми и дестабилизација на внатрешните односи во државата.“ – соопшти албанската коалиција Вреди, која е дел од Владата на Република Македонија.
„Сите судии, без исклучок, или било каква припадност, се избрани со гласови на ДУИ во претходните мандати. ДУИ давала поддршка на сите оние, кои поведоа постапка против така наречениот балансер. Вреди веќе работи на решавање на проблемот со правичната застапеност на Албанците во институциите, но на соодветен, систематизиран и законски начин. Вреди ќе го реши овој проблем со нов закон, на кој веќе се работи. Принципот на рамноправна и правична застапеност е гарантиран со Уставот на Република * Македонија и тој не може да биде оспорен и поништен, дури ни од страна на Уставниот суд. Во десетици, можеби и стотици закони за функционирањето и работата на поединечни институции гарантирана е застапеноста на Албанците. Одлуката на Уставниот суд нема да смени ништо околу правата на Албанците, но ја покажува лошата намера на оние, кои ги избраа овие судии во Уставниот суд. ДУИ не ги решааваше проблемите на Албанците, немаа време, беа посветени на своите бизниси, тендери, коцкарници, трговски центри, градежни фирми. ДУИ правеа криминал.“ – реагира коалицијата Вреди.






