Вреди: Ние сме сегашноста и иднината, а ДУИ е минатото, но таа продолжува да шири лаги и страв дека ќе уследат назадување и хаос!

Коалицијата Вреди се огласи со реакција дека речиси една година, откако се тие дел од Владата, реформите одат напред и Албанците се достоен дел од институциите. Вреди нагласува и дека критиките на опозицијата за законот за јазиците и Коридорот 8 се неосновани, бидејќи според нив, законот за јазиците е позагарантиран од кога било, а Коридорот 8 е на вистинскиот пат со високи стандарди и без корупциски афери. Соопштението на коалицијата Вреди го пренесе ТВ 21.

Вреди истакнува: „Во исто време ДУИ, ‘непожелната партија’ – ‘партија нон грата’, оја две децении уништуваше доверба, блокираше надежи и злоупотребуваше моќ, не престанува да шири лаги, страв и пропаганда. Пред Вреди да се вклучи во владата ДУИ се обидуваше да го исплаши народот со лаги дека ‘законот за употреба на јазиците ќе биде укинат’, оти ‘изградбата на Коридорот 8 ќе биде запрена’ и дека ќе уследат „назадување и институционален хаос’.’

„Денес, по речиси една година учество на Вреди во владата секој граѓанин може јасно да види: ниедна од овие лаги не се потврди. Законот за јазици е позагарантиран од кога било. Коридорот 8 е на вистинскиот пат со високи стандарди и без корупциски афери. Реформите одат напред, а Албанците се достоен дел од институциите.“

„Лагите на ДУИ ‘нон грата’ паднаа во вода. Од неа остана само очаен опозициски глас, кој живее со страв од правдата и сеќавањето на моќта, што ја користеше за лично збогатување. Вреди не дојде да молчи пред клеветите. Тука сме да ја изнесеме вистината на виделина, еднаш засекогаш да ја одвоиме политиката на служење на граѓанинот од политиката на семејните кланови и мрачните пазарења. Граѓаните веќе разбраа: минатото е ДУИ, а Вреди е сегашноста и иднината.“ – наведе коалицијата Вреди во своето соопштение.