Коалицијата ВРЕДИ го поздравува предлогот на Министерството за финансии и одлуката на Владата за одземање на првите две лиценци за казина кои не го почитувале законот.
Автентично толкување што го доставија до Собранието, како дел од планот за справување со штетните последици од коцкањето, ќе овозможи затворање на онлајн казината и ќе создаде законски предуслови за одговорност на сите поранешни функционери кои со неодговорни одлуки го внесувале коцкањето во секој дом.
„Новата влада го започна процесот на обезбедување владеење на правото, правна сигурност и еднаквост пред законот и тоа веќе никој не може да го спречи.
„Очекуваме правосудните органи да делуваат ослободени од политички влијанија, да ги ценат доказите во фер и транспарентна постапка што ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните дека правдата е достижна и за највисоките политички кругови“, се нагласува во партиското соопштение.






