Преоектот кој вчера во Тетово го најавија челницците на ВРЕДИ ќе биде формализиран во Скопје, со цел создавање фундаментална институција посветена на унапредување на науката, уметноста и зачувување на албанското културно наследство.



За „Академијата“ првично ќе се обезбеди општинско финансирање, како привремено решение, а ќе бараат академијата да ја финансира државата од буџетот.

„Ова е еден чекор за да покажеме дека Албанците како важен дел на оваа држава можат да придонесат и во науката, можат да придонесат и во уметноста и во сите области на ова општество, затоа што цениме дека како втор по големина народ во државата имаме интелектуални капацитети за да основаме академија која ќе придонесе во сите овие области за кои ќе биде основана“, вели Билал Касами од Движењето „БЕСА“ дел од ВРЕДИ.

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека основањето и особено формализацијата на Албанската академија на науките и уметностите е една од најдобрите иницијативи на „ВРЕДИ“.

„Денес се собравме во Тетово за ова, а јас се чувствувам особено горд. Како еден од најстарите, ако не и најстар народ на Балканот и во нашата ДНК има интелигенција и цивилизација на една античка култура“, напиша Таравари на Фејсбук.

Се огласи и вицепремиерот Изет Меџити кој во статус на Фејсбук меѓу другото напиша дека „Академијата на Албанците за наука и уметност ќе послужи како референтна точка за сите оние кои се стремат да напредуваат на овие полиња и да помогне да се изгради посветла иднина за сите граѓани во С.Македонија“.

Албанска академија на науките постои во Тирана од 1972 година.