Изет Меџити од Коалицијата ВРЕДИ на прес-конференција вчера рече дека имаат план како да се справат со штетните последици од коцкањето, и дека првиот чеко ќе биде укинувањето на коцкањето – од дома.



Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на министрите од ДУИ, преку отворањето на три нови фирми за организација на онлајн коцкање, коцкањето преку мобилни уреди и компјутери влегоа во домовите, со што младите станаа уште полесна мета на оваа крајно девијантна појава.

„Поради оваа причина, поднесовме барање за автентично толкување на член 7 од Законот за коцкање и забавни игри, со цел да се добие правилно толкување дали одлуката на претходната Влада и челниците на Државната лотарија за коцкање преку Интернет има правна основа.

„Со оглед на тоа што сите фирми кои во времето на Артан Груби и Запарим Бајрам учествуваа на јавниот повик и беа избрани да приредуваат коцкање на интернет немаат лиценци, тоа значи дека веднаш и без одлагање ќе ги отстраниме игрите  како општествено зло од домовите на нашите граѓани“, рече Меџити.

„Конечно веќе работиме и во разумен рок Владата на Собранието ќе му предложи нов закон за коцкање и забавни игри кој ќе содржи низа одредби со кои сме сигурни дека бројот на постоечките капацитети за коцкање ќе да се намали барем за половина“, рече Меџити. (Телеграфи)