„ДУИ преку Ислам Абази ги жртвува борците на ОВК, за да предизвика тензии. Вака коалицијата Вреди реагираше на случајот со поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани. Според нив, јавноста треба да ја знае вистината за овој поранешен војник на ОВК. Тие нагласуваат дека ДУИ преку своите инсталации во судството се обиде да предизвика влошување на односите со Косово, што би требало да доведе и до тензии во * Македонија.“ – објави ТВ Шења, пренесувајќи ја соопштението на коалицијата Вреди. Инаку, Ислам Абази е шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Вреди натаму истакнува: „За среќа Блерим Рамадани навреме го увиде нивното сценарио. Главна логистика за жртвувањето на Блерим Рамадани бил Ислам Абази од Зајас, кој дејствувал според наредба на Али Ахмети и Блерим Беџети. Има три судски акти, со кои се докажува дека ДУИ прво работела да не се изрече мерката куќен притвор, потоа таа да се поништи и Блерим Рамадани да биде вратен во истражниот затвор, а потоа и да биде испорачан во Србија.“
Според коалицијата Вреди, „планот на ДУИ бил да се искористи овој запалив говор, за да се создаде револт кај Албанците и да ја обвини коалицијата Вреди. „На ова криминализирано претседателство на ДУИ не му е ништо свето: ниту каузата на УЧК, ниту делото на загинатите борци-маченици, ниту делото на живите борци на УЧК, ниту Охридскиот договор.“ – посочува коалицијата Вреди.
„Обидувајќи се да се спасат од кривичната одговорност и да го задржат своето незаконски стекнато богатство, тие се подготвени на се! Дури и да го жртвуваат Блерим Рамадани, со цел да предизвикаат тензии.“ – нагласуваат од коалицијата Вреди.





