Скандалите и корупцијата инсталирани од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините сателити ја поткопаа довербата во судството, го попречија економскиот развој и социјалниот напредок, се вели во денешното соопштение на ВРЕДИ.



„Интервенциите на ДУИ во правосудниот систем беа неприфатливи. Се сеќаваме на притисоците врз претседателката на Врховниот суд, само затоа што одби да прости и да го врати Никола Груевски во Македонија како херој“, велат од ВРЕДИ.

„Овие постапки длабоко го шокираа јавното мислење. Исто така, со претходната гарнитура се смени и Кривичниот законик за намалување и застарување на казните на поранешните функционери, акт што ДУИ го претстави како усогласување со европските стандарди.
Ова беше уште еден обид да се измамат граѓаните и да се заштитат нивните лични интереси на сметка на правдата и транспарентноста.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, ќе го стори ли истото и Али Ахмети?“, велат од ВРЕДИ.

Тие понатаму велат дека се посветени на чисти и чесни патишта.

„Се потпираме на поддршката од граѓаните за да изградиме подобра иднина за нашата земја. Преку избраните функционери ослободени од корупција, демонстрираме европско однесување и транспарентност во нашите постапки. Заедно ќе изградиме поправедно и поразвиено општество“, ветуваат од коалицијата ВРЕДИ.