Раководството на ДУИ продолжува да живее во паралелен свет, а интегративците се обидуваат да се претстават како политички жртви на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВРЕДИ, се вели во соопштението на коалицјата ВРЕДИ.



„Мнозинството Албанци на 8 мај гласаа за промени, што меѓу другото значи кривична одговорност за сите оние кои се збогатија на грбот на граѓаните во овие 22 години режим. Целта на албанската опозиција е по секоја цена да го спречи нивното целосно објавување во јавноста. Затоа, не случајно кажавме дека треба да се прекрстат во Недемократски сојуз за распад.

„Мувлата на ДУИ во државните институции доби наредба на секој можен начин да ја блокира работата на новата влада. По 22 години режим, тие оставија свои наследници во правосудниот систем, дипломатијата, безбедносните служби, ресорните министерства, државните институции и медиумите“, велат од ВРЕДИ.

„Нивната деструктивна агенда вклучува напори за оштетување на билатералните односи со Косово, Бугарија и Грција, со цел да се попречи нашиот пат кон ЕУ. Тие преку своите инсталации ставаат патерици во системот за да се спречи правдата, додека нивните мегафони се задолжени за создавање хистерија“

Од ВРЕДИ нагласуваат дека коалицијата „ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициона структура, која има задача да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди безбедна иднина за Албанците“.