„ДУИ индиректно призна дека со сите сили и инсталации се обидува да ја попречи работата на новата Влада само за да избега од кривична одговорност“, соопштија од коалицијата ВРЕДИ.



Од ВРЕДИ велат дека „мувлата на ДУИ“ не се достоинствените и чесни Албанци во администрацијата, туку заслепените партиски војници кои повеќе ги интересира криминализираното раководство во Мала Решица отколку правдата и функционирањето на системот“.

„Синоним за „мувлата на ДУИ“ е срамниот договор на Иџет Мемет со „обвинителството на Абази“ да добие условна казна за примање поткуп за олеснување на постапката за лице обвинето за шверц на цигари.

„Синоним за „мувла на ДУИ“ е да се донесат три правни акти за принудување на правосудниот систем да екстрадира поранешен борец на ОВК во Србија, пред да проговори Врховниот суд, само за да предизвика тензии и да ја обвини ВРЕДИ“.

„Синоним за „мувлата на ДУИ“ е да предупредите дека ќе го напуштите ЗЕЛС наводно поради дискриминација на општините што ги водат нивните градоначалници, но и да немате достоинство, чест и лице да се оградите од Рамиз Мерко откако е познато дека е на црната листа во САД“, велат од ВРЕДИ.