Коалицијата Вреди реагираше околу апсењата поврзано со трагедијата во Кочани. Оваа коалиција нагласува дека не сака ниеден Албанец да биде виновник за таа трагедија, туку оти правдата треба да важи за сите. „Што се однесува до настојувањата на Али Ахмети и Зијадин Села да изградат претстава дека Албанците се жртва на Владата, сакаме да им кажеме јасно: Вие сте прочитани како буквар за прво одделение!“ – нагласува Вреди“ во своето соопштение, кое го пренесе ТВ Алсат.
Натаму, Вреди истакнува: Нив воопшто не ги интересираат грижите на албанскиот народ, туку само како да предизвикаат политичка криза. ДУИ знае дека ќе доживее катастрофа на локалните избори и поради ова се залага за нивно бојкотирање. Нивните лажни солзи за Албанците се најголемото политичко лицемерство. Целиот правосуден систем е исполнет со личности од нивното време. Еве уште еден доказ: Артан Груби и Кренар Лога на 15 јануари 2024 година го предложија Љупчо Коцевски како јавен обвинител“.
Оваа коалиција бара од ДУИ да одговорат: дали е можно Љупчо Коцевски и Ислам Абази, кои се нивни предлози, сега да раководат со „лов на вештерки“, или со овие политички памфлети, што ги делат, си даваат автоголови?






