Коалицијата ВРЕДИ денеска реагираше на настаните што се случија за време на вчерашната прослава на Денот на албанското знаме во земјава, и оценуваат дека празничната атмосфера ја спречиле дестабилизатори на државата.
Од Коалицијата велат дека очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние кои беа вознемирени од губењето на фотелјите на власта.
„Коалицијата ВРЕДИ најостро ги осудува овие неприфатливи дела што се случија синоќа за време на Денот на независноста на Албанија, каде срамно беа запалени државните знамиња, слики кои денеска беа објавени во јавноста.
Повикуваме на разумност и на меѓусебно почитување, бидејќи палењето знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја.
А, оваа работа не им служи ниту на оние кои ја поттикнуваат, односно на никој друг, а уште помалку на граѓаните. Чувствуваме одговорност и апелираме до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации.
Не дозволувајте да бидете жртва на никого, а уште помалку од оние кои не ги слушнале или виделе вашите маки. Веруваме во високата свест на нашите граѓани кои ќе бидат будни и нема да бидат инструментализирани од оние кои по губењето на власта го изгубија патот во сопствениот двор.
Се грижиме за безбедноста на нашите граѓани, за стабилноста на државата, затоа предупредуваме на максимална внимателност на сите граѓани без разлика, да не прават дела од кои никој не може да избега. И за ова имаме доволно докази од минатото“, се вели во реакцијата.
Мултиетничкиот карактер на Македонија е вредност на нашата држава и општество и секој што се обидува да ги наруши меѓуетничките односи покажувајќи непочитување кон другите, а особено кога се палат државни знамиња, ќе мора да се соочи со органите на прогонот и да дадат отчет“, се вели во реакцијата .






