Вреди: Груби командува со ДУИ со далечински управувач! – Дали е тој автор на сценариото за бојкот на локалните избори?

„Дали Артан Груби е автор на сценариото за бојкот на локалните избори од страна на ДУИ? Со што го држи во заложништво Артан Груби ова раководство на ДУИ? Албанците мора да ја знаат вистината!“ – наведува албанската коалиција Вреди – членка на Владата на Република Македонија во своето денешно соопштение, кое го пренесува информативниот портал на албански јазик „Национале“.

Вреди истакнува: ДУИ знае дека има само еден начин да го избегне поразот: да ги бојкотира изборите и да предизвика напнатост на денот на гласањето! Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат и оти не ги сакаат повеќе на власт. Али Ахмети призна од Липково: ДУИ се подготвува за бојкот на локалните избори! Ова покажува дека ДУИ нема идеи, нема програма, нема нови луѓе – туку има само страв од уцена.

Оваа партија, која две децении ги држеше Албанците во заложништво со лаги и политички манипулации, денес е заробена од клика. потоната во корупција и паника. Сега не одлучува ниту членството, ниту гласачите – бегалецот Артан Груби командува со ДУИ со далечински управувачод надвор.

Оние кои се гордееја некогаш дека не се плашеле од бомбите од 2001 година, денес станаа толку изнемоштени што колената им треперат од политичките бомби на Артан Груби!
Дали Артан Груби е автор на сценариото за бојкот на локалните избори? Со штого држи во заложништво Артан Груби ова раководство на ДУИ? Албанците мора да ја знаат вистината! Заврши времето на ДУИ – никој нема да се спаси од казната на народот. – наведува Вреди.