„Вреди” ги претстави министрите во новата влада

Вреди“ во новата извршна власт ќе има двајца вицепремиери и пет министри. Покрај Таравари и Меџити кој ќе биде прв вицепремиер и ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Фатмир Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши – министер за економија и труд, Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања, а вицепремиер и министер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи.



Лидерите од Коалицијата „Вреди“ денеска спроти собраниската седница за избор на новата влада, на трибина ја претствија Платформата на патриотизмот како знаење, професионализам и одговорност според која ќе се водат нивните министри, заменици министри и раководители на институции во наредниот четиригодишен период како дел од новата влада.

-Заврши времето на демагогија, денеска се бараат образовани, искусни и храбри луѓе да бидат носители на сложени реформски птроцеси за да ја направиме нашата земја нормална, економски развиена и подготвена за интегрирање за интегрирање во ЕУ. Ќе се фокусираме на работата, почитување на институциите, олдговорност за преземената задача, исполнување на обврските навмремено и успешно. Тоа може да го направи само новата генерација која е ослободена од товарот на старото, од хипотеките на минатото, од фолклорот полн со зборови и малку труд. Ова сме ние генерација на политичари кои еднаквоста ја имаат во генетскиот код, а не во политичките говори, кои ќе постигнат еднаквост со дела, а не со зборови, рече лидерот на Демократското движење Изет Меџити, кој во новата влада ќе биде прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.