„Вреди“: ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници и преговара како апсолутен победник во македонскиот политички блок, поради корупцијата на ДУИ

„Вреди реагираше на денешниот коментар на Алијансата за Албанците – крилото на Зијадин Села во врска со поделбата на ресорите во преговорите меѓу Вреди и ВМРО ДПМНЕ за формирање влада. Од Вреди велат дека пребројувањето на ресорите не донесува ништо добро, дополнувајќи оти благодарение на ДУИ ВМРО ДПМНЕ денеска има 58 пратеници.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 ја пренесува во овој контекст реакцијата на коалицијата Вреди: „Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред својот народ зошто ја напушти страната и наместо да биде победник победник остана со губитниците. Пребројувањето на министерствата, со кои раководат Албанците, е концепт кој не донесе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како средства за богатење, наместо да им служат на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонски политички блок. Вреди донесува исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за албанскиот народ. Ќе раководи со Собранието на Р*М и 6 министерски ресори и има целосен легитимитет од Албанците. Привршува времето на национални понижувања, заради задоволување на личните амбиции. Кој разбира сега – добро, а кој не разбира ќе сфати на локалните избори кога ќе се појави пред гласачите без злоупотреби во институциите на извршната власт.“