ВРЕДИ: Ветингот во ДУИ да започне од Али Ахмети

Демократската унија за интеграции треба да започнe со ветинг од самaта себе, односно од лидерот Али Ахмети, се вели во партиското соопштение на владејачката „ВРЕДИ“.



ДУИ треба да образложи како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, без да вложи ни денар, станал косопственик на трговскиот центар „Соравија“ во Скопје, објект вреден 30 милиони евра, но и како фирмата „Тор Индустриес“ на Дрин Ахмети добила милионски договори како подизведувач на Коридорот 8 и патот Кичево-Дебар?

„Ако овој ветинг е вистински, објавете ги договорите, финансиите и банките што го финансирале ова „чудо“. Колку од тие милиони се враќаат во партиските џебови? Зошто Министерството за економија, предводено од Крешник Бектеши, не ја укина концесијата на „Еверест ЏД“, иако фирмата на Дрин Ахмети експлоатирала минерални суровини нелегално? Наместо санкција, добил нови тендери“, велат од ВРЕДИ.

Дополнително, од „Вреди“ прашуваат како Бесиан Ахмети, друг внук на Али Ахмети, со само 10 месеци искуство добил висока дипломатска функција во Брисел и зошто Шкумбин Ахмети, синот на Али Ахмети, кој дипломирал на тетовскиот универзитет како архитект, сега управува фирма за производство на струја и со братучедите планира да изгради фотоволтаична централа од 60MW вредна 35 милиони евра?

„Ако ДУИ навистина сака „ветинг“, нека го почне од сопствените редови. Нека објави колку пари има на сметка Али Ахмети, неговото семејство и сите негови блиски соработници. Нека докажат како овие луѓе, кои никогаш не работеле ништо освен политика, се трансформираа во мултимилионери“ се вели во соопштението.

Од Вреди велат дека сето ова претставува само уште една лажна претстава на опозициската ДУИ и оти нивната борба против криминалот не е ништо друго освен нова измама за граѓаните.