ВРЕДИ: Али Ахмети го изгуби авторитетот, не може да понуди ништо

 

Лидерот на ДУИ веќе не може да понуди никакво решение, а поради скандалите на Артан Груби, неговиот авторитет е уништен, оценуваат од Коалицијата ВРЕДИ.



Оттаму велат дека тој веќе нема можност да ги консолидира редовите во партијата, бидејќи никој не верува дека наскоро ќе се вратат на власт.

„Очајот отиде дотаму што ја налути дури и американската администрација, држејќи ги блиску и оправдувајќи го однесувањето на кадрите на ДУИ кои се на црните листи. На сценариото за бојкот и на плановите за предизвикување инциденти на денот на изборите му претходеше внатрешен раскол во фронтот на ДУИ.

Затоа, наместо да дефокусира со лажна грижа за албанскиот јазик, ДУИ треба да одговори:

Дали Ахмети му рекол на Села дека не може да се откаже од услугите на Рамиз Мерко?

Дали е вистина дека Артан Груби стои зад Рамиз Мерко поради нивните меѓусебни пазарења?

Дали е точно дека на Зијадин Села му се заканувале дека ќе ги бојкотира локалните избори во Струга доколку Рамиз Мерко не биде исклучен од ДУИ?- прашуваат од ВРЕДИ.

„Одговорите на овие прашања ќе го докажат тоа што го кажуваме: зад обидот за предизвикување политичка криза се крие стравот од пораз, поради внатрешните судири за заштита на поранешните корумпирани функционери на ДУИ и нивните блиски луѓе.

Сценариото за бојкот нема врска со таканаречената „деалбанизација“, за која ДУИ мами.

Албанскиот народ ја разбра оваа политичка измама и жестоко ќе го казни ова предавство на следните избори“, велат од ВРЕДИ пренесува Телеграфи.