Врвни научници, уметници и спортисти во комисијата за одликување на претседателката Сиљановска Давкова

Комисијата за одликувања и признанија формирана од претседателката шефицата на државата денеска ја одржа конститутивната седница, на којашто присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.



На седницата, членовите на Комисијата изразија благодарност за честа и довербата да учествуваат во вреднувањето и изборот на личности и институции што оставиле длабок печат и неизбришливи траги во македонското општество, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

,,Претседателката изрази задоволство за прифатеното членство, потенцирајќи дека во номинацијата се раководела од нивното врвно знаење, работа и дострели во различни области. Таа им посака плодна и успешна работа во препознавањето и наградувањето на најдобрите.

Во разговорот, претседателката изрази цврста увереност дека докажани и афирмирани личности како нив умеат да ги препознаат носителите на вистинските достигнувања и соодветно да ги наградат”, се вели во соопштението.

Со одлука на претседателката Сиљановска-Давкова, за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Гена Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, Оливера Наковска-Бикова и Весна Петрушевска.