На Инстаграм профилот mk.pirej е објавена снимка од промената на знамињата.
Албанскиот државјанин Изет Шулку и неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.
Министерството за внатрешни работи (МВР) утврдило дека се работи за лице кое не е македонски државјанин и соопшти дека ќе информира за преземените дополнителни мерки за расчистување на овој случај.






