Вчера започна бојкот на работата во Инспекторатот за употреба на јазиците започна, откако 17 вработени веќе четири месеци немаат земено плата, дознава Алсат.
Вработените исто така останале и без пензиско осигурување, а што е уште потрагично и без здравствено осигурување. Поради ова, во текот на овој период, вработените биле принудени сите здравствени услуги во болниците да ги плаќаат приватно.
Вицепремиерот Изет Меџити, на 7 април годинава им даде надеж на вработените дека е најдено решение за прашањето со платите.
„Што се однесува до платите, мислам дека денеска ја земаат првата плата, а другите две ќе ги добијат етапно“, рече тогаш Меџити.
Но, од ветувањето до денес поминаа 17 дена, а не се знае и уште колку месеци ќе поминат додека работниците да ја добијат платата. Неизвесна е судбината на Инспекторатот во моментов.
Негрижата од страна на државата кон оваа институција за заштита на употребата на албанскиот јазик во институциите кулминираше. Функционерите и политичарите се сеќаваат на неа само на свечени моменти, само за да се пофалат пред граѓаните, удирајќи се в гради дека изградиле институција со значење за албанската заедница, пишува Алсат.






