За три години, патот Албанија- Македонија ќе се се скрати за 100 километри. Министерството за инфраструктура во Тирана вчера склучило договор со албанската компанија „Арбер Стрит“ која ќе ја изведе изградбата на новиот пат.
-Ова е многу важен инфраструктурен проект со кој нашата земја ќе се поврзе со Македонија. Изградбата ќе чини 240 милиони евра, а според договорот државата е обврзана да ги исполни долговите кон компанијата во рок од 13 години. Автопатот треба да биде готов за три години, рече албанскиот министер, Дамијан Ѓикунури.
Подготвителните активности за почеток на изградбата на автопатот Тирана – Дебар, започнаа пред две години, но запреа.
Кога ќе биде готов патот, од Тирана до Дебар ќе се стигнува за околу 80 километри.





