„Ако си муслиман, не гласај“ стои на летоци и напишани пораки по објекти и билборди во скопската општина Чаир.
Во пораките не може да се забележи партиска иконографија туку верска
На повеќе локации во скопски Чаир „360 степени“ денеска наиде на пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди. Пораката е во изборен контекст, без да се посочува на кои избори да не се гласа – на парламентарните или на претседателските.
На друг леток, пак, пишува: „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“ (види ги следните две фотографии).
Повеќе детали на 360 Степени






