Денеска на седница, Уставен суд ќе носи конечна одлука за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државни институции.



Претседателот на Уставен суд Дарко Костариновски кажа дека каква и да биде одлуката, нема да биде политичка, туку правно издржана.

Уставните судии пред две недели ја почнаа постапката за преиспитување на уставноста на балансерот, со што донесоа времена мерка за замрзување на неколку одредби – од Законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници, правилникот за задолжителни елементи во јавните огласи, за формата и содржината на регистарот на вработени, како и методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор.

Доколку мнозинството судии повторно се изјаснат како за привременото стопирање на примената на балансерот, во пракса ќе значи дека трајно се укинува етничката припадност како критериум во огласите во јавниот сектор.