Денеска се забележува големо полициско присуство во Струмичко каде МВР кое го води техничкиот министер Панче Тошковски апси луѓе инволвирани во повеќегодишен тежок криминал вреден милиони евра.
Според информаците до кои дојде Нетпресс, уапсени се повеќе лица меѓу кои и поранешен градоначалник кој во минатото бил обвинет за повеќе кривични дела, како криумчарење цигари преку македонско-бугарската граница.
По неколку месечната затворска казна во 2019 и 2020 година лицето кое сега е процесни го проширил бизнисот во енергетскиот сектор, но и со отварање на фирми и фабрики за одгледување на марихуана, по претходно издадени лиценци од Владата. Според информациите од упатените, производството на марихуаната завршувало на црниот пазар во Македонија, но и пошироко во регионот.
Дел од луѓето опфатени со акцијата на МВР на Тошковски предходно јавно зборувале дека се заштитени од кланот на екс премиерот Зоран Заев.
Повеќе информации за случајот од МВР се очекуваат во текот на денот.






