Во струмичкиот ,,Алаш вериш” , 23 лица преку 15 фантомски фирми испрале и заработиле 90 милиони евра

Огромни 90 милиони евра заработиле фантомските фирми поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој е осомничен за тежок финансиски криминал.



Дел од инволвираните компании се фантомски односно наменски формирани за незаконски поврат на ДДВ од државата со купи-продај недвижнини само на хартија, без трансакциите да имаат реална парична уплата.

Според истрагата да фантомските фирми парите ги переле преку УЈП која им ги враќала како ДДВ од наводните„купопродажни“ договори.

Според лажните договори до фантастични 20.000 евра метар квадратен чинел деловниот простор кој фирмите меѓусебно фиктивно го користеле како предмет на трансакции по што секоја од нив барала и добивала од државата поврат на ДДВ.

Вкупната штета врз Буџетот, според Обвинителството за организиран криминал и корупција, е вкупно 90 милиони евра. Поради големата сума, Обвинителството и не очекува дека некој од осомничените (засега) 15 физички лица заедно со Крмзов, би признал вина. Истрагата во која се осомничени плус 8 службени лица од УЈП, но во друга (брза) постапка, а во истиот предмет, е на почеток, но собрани се скоро сите докази. Се чекаат уште неколку вештачења.

Осомничен и се и 15 фирми и сите што имале недвижен имот и сметки со пари, им се замрзнати.

Според информациите од ОЈО за организиран криминал и корупција, уште во 2023 година дека нешто не е во ред со огромните суми поврат на ДДВ на 15-тина струмички фирми алармирала ексдиректорката на УЈП Сања Лукаревска, пред 9 месеци упад во тие фирми изврши МВР под раководство на Панче Тошковски, а сега Обвинителството и официјално ја отвори истрагата.

Полицијата вчера го уапси бизнисменот Крмзов и судот му одреди 30-дневен притвор.