Во сообраќајка во која загина жена, учествувал македонски државјанин

 

Според информациите на албанските медиуми,  до несреќата на магистралниот патен правец Прењас-Либражд и во која учествувал и македонски државјанин, дошло околу полноќ, а учествувале автомобил и камион.



„Возилото управувано од 34-годишен маж се судрило со камионот управуван од државјанин од Македонија“, известува „Топ ченал“.

Во несреќата животот го загубила сопатничката, а возачот на автомобилот е тешко повреден. Повредениот првично бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Се сомнева дека причина за несреќата е движењето на возилата со брзина над дозволената брзина на остра кривина во Пишкаш, додека се прибираат докази за инцидентот за да се утврдат причините кои довеле до несреќата.