Во Солун соседите за Македонија, наши претставници ни за лек

Прашањето за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан е главната тема на разговорите што денеска ќе се случат во Солун на кои што ќе учествуваат премиерите на Бугарија и Грција , Ципрас и Борисов и претседателот на Србија Вучиќ.



На самитот кој ќе се одржи во Солунската концертна сала ќе се зборува и за спорото за името Македонија. Таму ќе бидат присутни и шефовите на дипломатиите на трите земји Коѕиас, Вучиќ и Захариева но нема да има претставници на Македонската влада.

Покрај името и регионалната стабилност и безбедност лидерите на Бугарија, Грција и Србија ќе разговараат за уште една тема за која по секоја дипломатска логика мораа да ги вклучат и македонските власти, прашањето за енергетското поврзување меѓу трите земји.

Освен ако Србија и Грција не планираат енергетските коридори да ги поврзат исклучиво преку Бугарија што е скапа и засега невозможна варијанта секој план на ова поле е осуден на вклучување на Македонија, поради што е чудно што нашата земја не е поканета на состанокот.