Во Скопје доделено признание ,,Најдобар колега”

Признанието кое деновиве го добил извесен Ванчо Мартиновски не е државно ниту има некаков формален карактер но покажува дека човечноста, разбирањето, добрината, колегијалноста, хуманоста, толеранцијата се човечки карактеристики кои треба и можат да бидат наградени затоа го движат светот во добра насока.



Неформалното признание ,,Најдобар колега” од негови колеги е доделено на Ванчо Мартиновски вработен во Здравствениот дом Скопје каде тој работи над 25 години.

Епитетот најдобар колега не е добиено поради партиски или политички врски туку поради тоа што негови колеги искрено го почитуваат за тоа што го прави за нив и за сите членови на колективот во Здравствениот Дом Скопје.

Понекогаш малите работи како ова признание кое пред се е знак на респект отвораат простор за сите колеги да се обидат да бидат подобри луѓе и повеќе да ги почитуваат своите колеги.

Честитки за Ванчо Мартиновски и сите добри колеги како него каде и да се.

Фото: Фејсбук објава

Најчитани статии

Се ,,степаа” а кампањата уште не е официјално започната

Откако Пендаровски го ,,пушти низ вода” СДСМ отвори нови дилеми за аферата ,,Израелски ПР гуру”