Група на истражувачи од Универзитетот во Копенхаген открила дека консумирањето сирење може да ви помогне да го подобрите здравјето со подигнување на нивото на добриот холестерол со цел да се заштитите од кардиоваскуларни и метаболистички заболувања.
Истражувањето било спроведено во период од 12 недели, при што биле тестирани 139 возрасни лица за да се открие како полномасното сирење делува на нашето тело на различни начини.
Ги поделиле субјектите во три групи. На првата група им било кажано да јадат 80 грама високомасно сирење секој ден, втората група требало да јаде 80 грама сирење со помалку маснотии, додека тие од третата група наместо сирење јаделе 90 грама леб и џем секој ден.
Бертрам открил дека тие кои јаделе сирење имале повисоко ниво на маслена киселина, соединение кое се поврзува со намалување на тежината и забрзување на метаболизмот. Високото ниво на оваа киселина е поврзано со намалување на холестеролот.
Во 2012 година, истражувањето покажало дека посебно Рокфор сирењето помага во заштита од кардиоваскуларни заболувања, доведува до подобро здравје и долговечност.

Волонтери биле ставени на исхрана за намалување на калориите и од нив било побарано да јадат повеќе сирење и да пијат јогурт и млеко со помалку маснотии.
Оние кои го зголемиле внесот на млечни масти се покажало дека загубиле повеќе тежина, имале понизок крвен притисок и значително се подобриле нивните шанси за избегнување на срцеви заболувања и дијабетес.





