Пратениците во руската Вологодска област, лоцирана северно од Москва, предложија да се ограничи продажбата на алкохол на два часа дневно во работните денови, објавија медиуми.
Причината е „застрашувачка смртност“ од алкохолизам.
„71% од смртните случаи кај мажите на работоспособна возраст се поврзани со консумирање алкохол, вклучително и од болести како што се цироза и срцеви заболувања. За една година преваленцата на алкохолизам се зголемила за 30 проценти.
„Сликата е страшна. Се прави непоправлива штета на здравјето на идните генерации, на економијата, на нашиот јавен, социјален и културен живот, а тоа не се случува на линијаата на фронтот“, изјави гувернерот Георги Филимонов.
Тој предлага во работните денови продавниците да продаваат алкохол само од 12:00 до 14:00 часот.
Според податоците на Светската здравствена организација, Русија традиционално е меѓу првите во Европа по консумирање алкохол.






