Во пензија на 67 години – неприфатливо за Владата

Предлогот на фискалниот совет за зголемување на старосната граница за пензионирање нема да биде прифатен, соопштиа од Владата од каде велат дека ќе се бара друг начин да ја пополни дупката во Фондот за пензиско осигурување.



Економисти: Ако се зголеми старосната граница на 67 години, луѓето во пензија би живееле 6 години

„Во овој момент, она што направивме е усогласување на пензиите од 5.000 денари. Имаме активна методологија, имаме закон по кој што се работи.

Остануваме посветени и на состојбата во Фондот за ПИОМ и ќе ги разгледаме сите состојби како да имаме еден стабилен систем.

Во овој момент не се размислува за она што беше предлог од страна на Фискалниот совет“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

Претходно и од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) реагираа на предлогот.

За ССМ е несериозно да се оди во пензија на 67 години

Од таму рекоа дека треба да се направи стратегија како да се задржат младите во државата и да им се понудат квалитетни работни места како единствен начин да се полни касата на ПИОМ.