Во паниката од ,,Црната листа” Јакимовски направи уште една сериозна грешка

Во паничната реакција од ставањето на ,,Црната листа” листа на САД лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски направи уште една сериозна грешка која е во рамки на злоупотреба на службена должност.



Вчера вечер во отворање на судирот со САД Јакимовски ги злоупотребил просториите на општина Карпош за партиски состанок на неговата партија ГРОМ.

Тој вчера организираше прес конференција пред зградата на општина Карпош од каде што на пресот излегуваат членови на раководството на ГРОМ што е злоупотреба на општински ресурси за партиски цели.

Од зградата на општина Карпош на прес конференцијата излегуваат десетина луѓе од кои некои се советници или вработени во општина Карпош но меѓу нив има и други луѓе партиски членови кои не смеат да бидат во општински простории и во нив да вршат партиски активности.

Партискиот собир на ГРОМ во општина Карпош може да биде основа за кривично дело злоупотреба на службена должност.