Со зимско капење на Денот на рибарите денеска, 20 јануари, се заокружуваат богојавленските чествувања во Охрид.
Уникатната манифесатција е во чест на празникот Свети Јован Крстител.
Традиционално најсвечено ќе биде на Сараиште каде фаќачот со неговата тајфа и многу охриѓани ќе се капат за здравје.
За добро расположение ќе бидат задолжени музичарите од охрискиот музички еснаф..
Настанот почнува околу пладне. ОхридЊуз






