Членките на НАТО во неделата се согласија за големо зголемување на трошоцита за одбрана на 5% од бруто домашниот производ, како што побара американскиот претседател Доналд Трамп.
Но, шпанскиот премиер Педро Санчез во четвртокот изјави дека нема да се обврзе на целта од 5%, јави Ројтерс
Шефот на НАТО, Марк Руте, предложи да се постигне целта со зголемување на основната цел за трошоци за одбрана на НАТО од 2% на 3,5% од БДП и дополнителни трошоци од 1,5% за поврзани ставки како што се сајбер безбедноста и адаптирањето на патиштата и мостовите за воени возила.
Откако дипломатите се согласија за компромисен текст во неделата, Санчез брзо прогласи дека Шпанија нема да мора да ја исполни целта од 5%, бидејќи ќе треба да потроши дополнителни 2,1% од БДП за да ги исполни основните воени барања на НАТО.
„Целосно ја почитуваме легитимната желба на другите земји да ги зголемат своите инвестиции во одбраната, но нема да го сториме тоа“, рече Санчез во обраќање на шпанската телевизија.






