Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска соопшти дека пензиите од 1 март ќе се пораснат за 5 проценти, но тој тоа не го нарече зголемување туку статистичко дополнување



„Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката.

Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи 5% колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени во петок ќе биде како дополнување на нивните пензии“, рече тој.

Во согласност со новата методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.

Најниска пензија со септемвриското зголемување изнесува 12.527 денари, а највисоката 73.502 денари. Тоа значи дека пензионерите со најниска пензија ќе добијат само 626 денари покачување, а оние со највисока пензија зголемувањето е од  3.675 денари.