Со минусни 5,99 проценти, Македонија е на четврто место од позади на списокот на земјите каде што цените на станбениот простор доживуваат „бум“. Во земјава, тие не само што не растат, туку паѓаат.
Позади нас, според истражувањео, биле Катар, Русија и Порторико. Пред нас, по растот на цените на домовите се Египет, Украина, Сингапур.
Според Глобалниот водич за сопственост (Global Property Guide), петте најскапи глобални пазари за домување во вториот квартал од 2017 година, според годинешниов раст, биле Исланд (+ 21,3%), Хонг Конг (+ 19,3%), Ирска (+13,5 %), Канада (+ 13,1%) и Романија (+ 8,9%).
Спротивно на тоа, најголем пад има во Порторико (-9,6%), Русија (-7,6%), Катар (-6,3%), Македонија (-6,0%) и Египет (-5,3%), пишува „Ајриш тајмс“.
Само 10 европски пазари за домување покажаа нагорен тренд во текот на вториот квартал од 2017 година, додека 12 пазари покажале послаб импулс.
„Ајриш тајмс“ не информира колку е цена на квадрат во поединечни земји за да се направи споредба со приближно илјадата во просек (плус-минус) евра квадрат во Скопје, кое доживува станбен бум, или со депресираните цени на живеалижтата во „внатрешноста“ во Македонија.